Македонскиот интернационалец и репрезентативец Стефан Ристовски е во интензивна потрага по клуб оваа зима откако Спортинг Лисабон отворено му порача дека повеќе не смета на него.
Иако Ристовски ја има формата на својата кариера, сепак во сегашниот негов клуб едноставно не може да остане.
Спортмедиа пак дознава, дека Ристовски иако го менува клубот многу веројатно нема да ја промени државата односно шампионатот. Тимот на Брага и Ристовски веќе десетина дена се во интензивни преговори и до договор најверојатно ќе дојде.
Овој клуб е подготвен да го откупи нашиот репрезентативен капитен и и реално сериозно да се засили на бековската позиција, со што ќе си направи и себе голема услуга, но и на Ристовски кому минутажа и мечеви пред европското првенство следното лето и тоа како му се потребни.
Само за потсетување, веќе извесно време, за Стефан Ристовски отворен интерес покажаа неколку руски гиганти но до конечен дил сепак сеуште не е дојдено.