Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Тој стана ултра популарен, а забавите му носат МИЛИОНИ

Пред поголемиот дел од светот да биде ставен во карантин минатата година, Ден Билзеријан (40) беше домаќин на неговата последна популарна забава. Тоа беше во пресрет на Денот на заљубените 2020 година, кога претприемачот и „Крал на Инстаграм“ (како што го нарекуваат) беше домаќин на дури 2.700 луѓе во неговата вила во Лос Анџелес.

Тој има повеќе од 32 милиони следбеници на сегашната социјална мрежа, а забавите што ги организира, поточно – кои ги организираше, се познати по тоа што се вистински спектакл.

Билзеријан изгради репутација, но и богатство засновано на забави и на таков начин на живот.

Според Блумберг, фотографиите кои најмногу му помогнале да се „пробие“ се оние на кои тој позира во долна облека или со многу жени околу себе. Тие му носеле многу пари во минатото.

На Инстаграм тој дури се пошегува и како изгледа неговата 2019 година и како изгледа 2020 година.

Во 2021 година, овој инфлуенсер сака повеќе да се посвети на својата деловна активност „преку Интернет“, и бидејќи масовните забави нема да бидат можни некое време, Билзеријан може да смета на неговата минерална вода и енергетски пијалоци „Игнит“.

Сè на сè, како што напиша Блумберг, „постои постојана заматеност на границата помеѓу неговите лични и корпоративни трошоци“. Билзеријан е навикнат да одвојува огромни суми пари на неговиот животен стил – забавите.

Според податоците од 2020 година, Дан Билзеријан има нето вредност од околу 200 милиони долари.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...

Македонија

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.За прв пат во историјата...