Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Тимот на Гордана Силјановска се подбива со Мицкоски за неиспиеното кафе со Апасиев

Со заминување на 2020 година си замина и лидерското место во опозицијата од Христијан Мицкоски кај антинато ориентираниот Димитар Апасиев.
За прв пат во историјата на повеќепартискиот систем кај нас, првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не ги делат првите две места по популарност меѓу граѓаните. Лидерот на новоформираната Левица, според последните истражувања на јавното мислење го поминал по рејтинг првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и се промовира во најпопуларен опозиционер, иако Левица е сеуште многу далеку од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.
Признанието на Мицкоски дека го барал Апасиев за кафе и дека го чека скоро два месеци за да се видат ги зачуди членовите на партијата, а обвинувањето дека Апасиев нашол време за Стојанче Ангелов, а не нашол за него, наиде на потсмев.
Професорката Билјана Ванковска која беше дел од таканареченото „женско професорско лоби“ на Гордана Силјановска кога трчаше како кандидатка на Мицкоски, сега го коментира интервјуто на Мицкоски.
„Тоа што бега од Мицко – арно, ама што трошел време на Стојанче, тешко ми е да разберам“ коментира со насмевка Ванковска.

Новинарот Васко Ефтов во вчерашната емисија анализира дека на Апасиев му недостасува само една телевизија за да го материјализира високиот рејтинг и да се потврди како лидер на опозицијата.
„Димитар Апасиев е дел на таа групација околу која гравитираат Гордана Сиљановска и целата екипа која и дава поддршка на Сиљановска. Синиша Алексовски и екс групацијата од Агенцијата за разузнавање која беше условно речено преторијанска гарда на Ѓорѓе Иванов. И делови на одредена олигархија кои не се дел на таа таканаречена длабока држава околу Комерцијална банка.“ анализира Ефтов. Според Ефтов, во оној момент кога кон гравитацијата на Апасиев би се приклучиле партиите на Србите во Македонија, или просрпските и проруските партии во Македонија, делови на таканаречените асномисти во СДСМ и кога Социјалистичката партија ( читај Сител Телевизија ) која е сега во потрага по лидер мо смрта на Љубисав Иванов Sинго би направила некаков понтонски мост на соработка со Левица тогаш тоа може да биде многу сериозен проект.

Најодговорен за подемот на Апасиев е нехаризматичниот Мицкоски
Жестоки реакции на сметка на Мицкоски пристигнаа и од поранешни партиски функционери и од професори блиски до десницата.
Поранешниот амбасадр во Унгарија Игор Есмеров, во колумна ги анализира причините заради кои Апасиев одбива кафе со Мицкоски.
Причините според него се две.

  1. Објективни – Односно Мицкоски има помал рејтинг и нема никаков став по актуелните прашања, а пред се Апасиев во Стојанче гледа, а во Христијан не гледа лидер.
  2. Субјективни – немаат исто образование и веројатно би се разишле околу економските гледишта.
    „Претпоставувам дека би разговарале и за евентуална коалиција, при што Христијан би требало да се шлепа на рејтингот на Димче, бидејќи сопствениот му е низок. Е, ама Димче е интелигентен човек и знае дека во таква коалиција нема да може ја спроведе национализацијата, нема да знае дали би можел да влијае на поништување на договорите што ќе значи стрмоглав пад на личниот и партискиот рејтинг и негов крај во политиката. Ова се причините поради кои Димче има попаметна работа од тоа да пие кафе со Христијан, па си пишува амандмани и си билда рејтинг, додека Христијан завидливо го следи грандиозниот успех на Стојанче, а тоа е да се искамчи кафе пиење со Лидерот Димче.“ заклучува Есмеров.

најчитани вести

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...

Свет

Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...