1 C
Skopje
четврток, април 22, 2021
spot_img

Овие работи треба да ги имате на трпезата за убава нова година

Новогодишната трпеза според верувањата не значи само богат оброк, туку и можност преку храната да се „повика“ добрата среќа. Секое јадење треба да биде внимателно одбрано бидејќи со себе носи одреден симбол на среќа, благосостојба, напредок. Покрај традиционалната руска салата, свинското печење, зелка салата, торта, на трпезата треба да се најде место за риба и грозје.

Грозје

Грозјето е симбол на здравје и сила, па се препорачува веднаш по 12 да изедете зрно грозје, за секој месец по едно, како во годината секој месец би биле здрави.

Риба

 Бидејќи и за Нова година трае постот, рибата би требало да најде место на вашата трпеза. Таа има симбол на движење без препреки, па ви наговестува година во која едноставно ќе пливате во сите работи.

Свинско

Свинското месо е симбол на богатство.

Зелка салата

Поради својата зелена боја симболира на хармонија, природа и добра среќа како и долговечност.

Торта

 Поради големото количество на шекер кое го содржи, симболира на слатка година.

Она што се препорачува е да избегнете новогодишна трпеза од животни со пердуви бидејќи имаат крила, па симболираат на среќа која ги напушта.

Читај Следно

10,350FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести