Почитувани сограѓани, годината позади нас не беше добра. Пандемијата на КОВИД 19 го наруши начинот на нашиот живот, а лошата власт го направи животот уште по лош.
Ја уништија економијата и ја однесоа во рецесија, додека го распродава идентитетот и наместо европска иднина донесоа вето. Демократијата беше погазена со криминални избори, правдата беше заробена, земјоделците беа обесправени. Го урнисаа здравството, повеќе од 50.000 луѓе останаа без работа, образованието е срушено, криминалот и корупцијата галопираат. Народот осиромашува, власта се богати. Време е да завртиме нов лист.
Македонија е подобра од загубите кои ги носи власта. Вие заслужувате среќа. Потребни се промени и промените ќе дојдат во годината што следи. Силата е во народот, самите сме си креатори на нашата иднина, затоа што ние граѓаните сонуваме, веруваме и дејствуваме.
Ние не се откажуваме, ние ќе победиме. Имаме обврска кон нашите деца, и кон нашите предци, да имаме држава со која ќе сме горди.
Нашата генерација има добра мисла и намера, знае како да истрае кога е најтешко, и да направи успех кога тоа се чини далечно.
Успесите ќе дојдат со промените кои ќе донесат вистина наместо лаги, повеќе пари за граѓаните, сигурност, правда и достоинство.
Празниците поминете ги со најмилите и најблиските. Подарете насмевка и љубов и имајте верба. Чувајте го вашето здравје и соберете сила, бидејќи 2021-та ќе е година на промени кои ќе ви донесат повеќе задоволство, зголемена радост, и среќа која секогаш ги следи храбрите.
Ви посакувам среќни и весели новогодишни и божиќни празници.
Да сте живи и здрави. Да живее Македонија.
најчитани вести
Х-Фајлс
„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...
Свет
Никола Тесла е еден од најголемите генијални умови во историјата на човештвото. Според многумина тој „го измисли 20“ век, а неговото место во историјата...
Македонија
„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...