Медиа.мк се одлучи на новогодишно забавно интервју со популарната српска млада актерка Нина Нешковиќ, која покрај својата невообичаено светла насмевка и прекрасната харизма, носи и огромен талент.

Нина за прв пат се претстави пред пошироката публика во тинејџерската серија „Pridji blize“, во која ја играше улогата на Лара – негативец од средно училиште. Македонската публика се запозна со Нина преку сериите “Drzavni sluzbenik” и “Preziveti Beograd”.

Во моментов Нина важи за една од најперспективните актерки во регионот, а медиумите и предвидуваат голема кариера.
Интервјуто со убавата Нина кое може да го погледнете подолу помина во пријатна и забавна атмосфера. Нина е сосема природна и остава впечаток на “девојка од комшилукот” како што и таа милува да каже за себе. Таа истакнува дека е голем авантурист и нејзино хоби е возење кајак по реките Дунав и Сава.
Од тимот на Медиа.мк и благодариме за интервјуто и секако и посакуваме голема кариера, која со нејзиниот талент и блескава насмевка несомнено ја очекува.