Според него, фреквенцијата на земјотреси е толку голема што не поминуваат ни неколку секунди без да се затресе тлото.
Сеизмологот Сњежан Преволник вели дека се надева дека денешниот земјотрес со епицентар во Петриња со јачина од 6,2 степени бил најсилниот во оваа серија, но посочи дека претстои период на исклучително голема сеизмичка активност, кој ќе трае можеби подолго од една година. Преволник рече дека најсилниот земјотрес е поразителен.
– Ова е најсилниот земјотрес за кој имаме историско знаење дека се случил на тие простори и тој е еден од најсилните, ако не и најсилните, инструментално снимени во Хрватска – рече тој.
Според него, фреквенцијата на потреси на земјата е толку голема што не минуваат ни неколку секунди без да затрепери.
„Претстои период на екстремна сеизмичка активност што, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.