Connect with us

Hi, what are you looking for?

Х-Фајлс

Стојанче Ангелов ќе му организира курс за варење и ќе му раскаже на Мицкоски како е да се пие кафе со Апасиев

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги коментира последните изјави на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој преку медиумите се пожали дека лидерот на Левица нашол време за генералот Ангелов, а не за него.
Ангелов од старт ги отфрла инсинуациите за негова посебна блискост со Апасиев.
„На сите да им биде јасно дека немам ништо со Апасиев. Ни политички, ни приватно. Не знам што зборува Мицкоски. Претпоставувам дека причината заради која што одлучи да пие кафе со мене, а не со Мицкоски е заради посебниот метод на приготвување и атмосферата која што знам да ја направам. Заради мир во куќа, подготвен сум да му ги пренесам моите вештини на Мицкоски за да го привлече Апасиев“ , изјави Ангелов, шмркајќи од филџанот. Доколку не успее стратегијата за привлекување на Апасиев, Ангелов презеде обврска да му раскаже на Мицкоски како изгледало пиењето кафе со него.
Ангелов за почеток предлага Мицкоски да го преслуша Предраг Гојковиќ-Цуне и да ја научи наизуст неговата:
Кафу ми драга испеци

Кафу ми драга испеци,
Баш као да је драга душо за тебе,
Ај, ја чу ти дочи око пола ночи,
Да седнем крај тебе.

* *Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...

Македонија

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...