Последните часови од годината секогаш се исполнети со големи очекувања и силна енергија. Доволен доказ муабетот – ’само нека заврши годинава’… Затоа многумина се обидуваат да ги искористат до максимум за да ги постигнат целите за следната година преку суеверија. Ова се петте суеверија што луѓето најмногу ги практикуваат на крајот на годината:
Важна е бојата на долната облека – секоја има значење
Во државите на Латинска Америка, на пример, црвена, зелена и жолта долна облека може да се купи во која било продавница пред Нова Година. Луѓето носат црвена долна облека за да пронајдат љубов, зелена или жолта за да пронајдат богатство во новата година, а бела за мир.
Напишете ги желбите на хартија
Пред новогодишната ноќ земете лист и пенкало. Напишете ги вашите желби на хартија. Хартијата треба да ја чувате блиску до себе за време на вечерата, а после полноќ треба да ја запалите за да ви се исполнат желбите.
Бакнување на полноќ
Бакнежот на новогодишната ноќ е симбол на љубов во текот на целата година.
Бојата на облеката е битна
Одредени бои ја симболизираат среќата. Жолтата ќе ви помогне со финансиски проблеми, зелената ќе ви донесе здравје, портокаловата е за мудрост, виолетовата е за успех на професионалното поле, црвената за љубовта, а сините свеќи се за мир.
Исплатете ги долговите
Кога ќе ги исплатите сите долгови пред крајот на годината, ќе бидете воодушевени од брзината со која ќе се поправи состојбата на вашата сметка.