Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс и неговата сопруга Савана Бринсон се бесни на медиумите во Соединетите држави затоа што го поврзуваат нивниот малолетен син Брони (16) со поранешната сопруга на Скот Пипен, Ларса Пипен (46).

Сè започна кога на младиот Брони му се допадна сликата на Ларса на социјалните мрежи. После тоа, почнаа да кружат гласини и пристигнаа разни коментари, особено затоа што Ларса е позната како некоја што „паѓа на млади момци“, а кратко потоа се огласи и самиот Леброн.
- Во моментите кога сето ова се случува во светот, вие зборувате за ова срање. Тој е малолетник и не ми е гајле што го сметате за позната личност, тој е дете и ова срање треба да престане – напиша Леброн на Instagram, а потоа асот на Лејкерс интервенираше со коментар:
- ДОБРО! Се закачивте со погрешниота. Среќно, нема да биде убаво!

Младиот Брони се бранеше со тоа дека „лајкнал фотографија од пријателка на неговата мајка“. Пресудете сами колку тоа убедливо звучи.