Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Животот радикално ни се промени во 2020 година – ПРИЧИНАТА Е КОРОНАТА, НО НЕКОИ РАБОТИ СЕУШТЕ СЕ МИСТЕРИЈА

Брзината со која светот дозна за коронавирусот е без преседан – вакцините се развиени со рекордна брзина и првите вакцини беа извршени нешто повеќе од 11 месеци по пријавувањето на вирусот во Светската здравствена организација, но сè уште не се знае за оваа инфекција пишува Си-Ен-Ен.

Инфекцијата, кога Кина првпат пријави случаи на коронавирус во Светската здравствена организација на 31 декември 2019 година, беше опишана како „мистериозен нов вид пневмонија“ и дури немаше ниту име.

За две недели, кинеските научници го идентификуваа редоследот на геномот на вирусот, генетскиот код што го сочинува вирусот, а за три недели беа направени и првите тестови.

Сепак, една година подоцна, со повеќе од 81 милиони пријавени случаи и 1,7 милиони смртни случаи ширум светот, останува уште многу да се знае за Ковид-19, од основни работи, како на пример, како започна пандемијата, до покомплексни прашања, кога и  како ќе заврши.

Според вонреден професор по биологија на Институтот за технологија во Рочестер Морин Феран, светот научи многу за вирусот корона, но во однос на разбирање  во сите вистински детали, „имаме уште милји и милји да поминеме“.

„Вирусолозите и службениците за јавно здравје ќе бидат зафатени со децении поради ова“, рече Феран.

Светот сè уште се обидува да го открие потеклото на вирусот. Отпрвин се чинеше дека тој е поврзан со пазарот во Вухан, кој продаваше живи животни, но студија на научното списание „Лансет“, објавена во јануари, покажа дека една третина од првичните болни не биле директно поврзани со пазарот. Некои, како американскиот претседател Доналд Трамп, изразија сомнеж дали вирусот е „ослободен“ за да циркулира откако бил проучен или создаден во лабораторија во Вухан.

Научниците велат дека има многу докази дека вирусот потекнува од дивината и дека најблиските познати „роднини“ на вирусот корона се премногу генетски различни од Ковид-19 за да  предизвикаат пандемија.

Студиите откриле докази дека вирусот може да циркулирал во САД и Европа во декември 2019 година, неколку месеци порано отколку што се сметаше порано.

Кинеските државни медиуми напишаа дека е можно вирусот да потекнува надвор од Кина.

Питер Колингон, професор по микробиологија на Националниот универзитет во Австралија, вели дека е многу веројатно дека вирусот циркулирал во САД и делови од Европа пред да се дијагностицираат првите случаи во овие земји, но Си-Ен-Ен наведува дека нема убедливи докази дека потекнувал од Кина.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...

Македонија

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за...