Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Венко Филипче упати силна и важна порака до сите граѓани на Македонија

Новогодишните празници ќе ги поминам во кругот на семејството за да бидам пример за граѓаните. Да бидеме совесни и да не се групираме за претстојните празници.Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати.Во изминатиот период евидентно е намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани. Завчерашниот ден е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од ковид-19 вирусот. Бројките значајно се намалуваат. Значително се намалуваат новодијагноцираните на ден, се намалува факторот на преносливост и се намалува бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Но, не се исклучува можноста да има некој минипик и понатаму како резултат на непочитувањето на мерките. Нашиот здравствен систем е подготвен да пресретне и следен бран. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран. Затоа, апелирам до сите празнувајте одговорно и помогнете си на себе, на вашите најблиски, на здравствените работници, на сите нас!

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ има сериозен проблем кога во ситуација на општа разочараност од работењето на владата, не може да направи двоцифрена предност пред СДСМ.Наместо огромна разлика...

Х-Фајлс

„Кафето е култура и традиција. Навредите и лутењето се знак на некултура и слабост, а зависта го јаде човекот од внатре“. Вака директорот на...

Македонија

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.Имено, директорот на проопозициската...