Почнале тајно да се гледаат неколку дена откако се запознале.
Извесно време, како што пишува “Курир“, Марија се гледа со една од најубавите српски жени од јавна сцена, која е омажена за син на голем моќник и влијателен бизнисмен.
Љубовниот живот на популарната пејачка Марија Шерифовиќ отсегогаш бил интригантен, особено откако јавно признала дека е наклонета на истиот пол. И покрај тоа таа успешно ја чувала својата приватноста но и на својата партнерка. Се до скоро! Марија скоро една година е во врска со снаата на една од нај богатите семејства во Србија.
За потсетување, Марија пред извесно време објавила на својот Инстаграм профил фотографија со својата поубава половина како се држат за рака и се шетаат по улица.
“Започнале тајно да се гледаат неколку дена откако се запознале. Тоа во прво време на никого не му било сомнително, бидејќи околу Марија секогаш е булумента, некои пријатели и пријателки ја следат секогаш, а госпоѓата е со години во среќен брак со наследникот на моќна династија.
“Марија и снаата неколкупати се видени во познати ресторани во Белград, се држеле за раце, имало нежни допири и… Секако некој ги сликал, со што нивните интимни фотографии, кога мислеле дека никој не ги гледа, набрзо почнале да се шеруваат. Сега скоро половина београѓани имаат такви слики во своите телефони“, рекол соговорникот на овој дневен лист своевремено.