Сите филмови во кои глуми Џони Деп, осуден за злоставување на поранешната сопруга Амбер Херд, се избришани од популарната стриминг платформа Нетфликс во Америка и Австралија.
Светските медиуми пренесуваат дека „Нетфликс САД“ и „Нетфликс Австралија“ донеселе одлука да не ги прикажуваат, односно од понудатата да ги избришат сите филмови во кои глуми славниот актер.
Како што се наведува причината за тоа е неодамнешната одлука на судот според која Деп е осуден за злоставување на поранешната сопруга, пренесува Сан. Имено, Деп го тужел Сан и неговиот извршен уредник Дин Вутон заради клевета во текст од 2018 година во кој го нарекол „човекот кој си ја тепа жената“. Со овој случај се бавел и Вишиот суд во Лондон.
Актерот после две години го загубил спотот вреден два милиона долари. Набрзо после тоа останал и без улогата во познатиот филм „Фантастични ѕверки“. Деп на својот Инстаграм-профил објаснил дека студиото Ворнер Брос замолило да се откаже од улогата на негативецот Гелерт Гриндевалд во тој филм.
„Го прифатив и се согласив со тоа барање“, нагласил Деп.
Сепак, не поминално многу време и Ворнер Брос соопштил дека улогата ќе му биде доделена на друг актер.
