Истражувањата покажаа позитивна врска помеѓу религијата и благосостојбата, но не е јасно како религиозните убедувања придонесуваат за нашата благосостојба. Истражување од универзитетот Џејмс Кук во Сингапур ја расветлува оваа појава
Истражувачите испитале 231 лица од различно религиозно потекло – христијани, будисти или таоисти и муслимани – и нерелигиозни луѓе. Во првиот дел од истражувањето биле измерени нивоата на религиозност и задоволство на испитаниците.
Учесниците, исто така, требало да објаснат или опишат три неодамнешни лично значајни настани и нивните последици. Во втората и третата студија, истражувачите процениле телеолошки објаснувања, кои резултирале со чувства и благосостојба.
Религиите на светот веруваат дека универзумот има фундаментален поредок и структура што им дава поголемо значење на настаните и околностите. Истражувачите сакале да разберат дали верниците ги толкуваат настаните што им се случиле во животот на ист начин и дали тоа влијае на нивната емоционална реакција и благосостојба.
Истражувачите откриле дека луѓето, особено религиозните, редовно придаваат значење на секојдневните настани, како што се дискутирање на хоби со колега, добивање на мал неочекуван подарок или дружење со член на семејство. Откриле дека колку повеќе луѓето им даваат значење на ваквите настани во нивните животи, толку повеќе тие доживуваат позитивни емоции како благодарност и задоволство.
Наодите сугерираат дека религијата има позитивно влијание врз благосостојбата затоа што религиозните луѓе имаат тенденција да придаваат значење на секојдневните настани. Ова резултира во зголемени позитивни емоции и со тоа подобрување на благосостојбата. Општиот феномен што се гледа во оваа студија се однесува на сите религии и етнички групи.