Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала утрово го погоди северозападниот дел на Хрватска, со епицентар на 12 километри југозападно од Сисак, во близина на Петриња.
Низ историјата, Балканот забележал силни земјотреси кои уништиле цели градови. Ова се едни од најсилните.
Дубровник во 1667 година

Низ историјата, Дубровник бил погоден од околу 1.000 земјотреси, а првиот што бил забележан како катастрофален се случил во 1520 година. Најсилниот земјотрес се случил во 1667 година, со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Тој бил најразорниот – го уништил градот и загинале околу 5000 луѓе – околу 80 проценти од тогашното население во градот.
Република Дубровник, во тоа време многу моќна трговска и политичка сила, никогаш не се опоравила по земјотресот, пренесува Аваз.ба. Постоела сè до 1806 година, кога трупите на Наполеон влегле во градот и ја укинале републиката.
Скопје во 1963 година
Со земјотресот во Скопје во поранешна Југославија започна серијата разорни земјотреси, кои ќе завршат со оној на црногорскиот брег во 1979 година. На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, Скопје беше погоден од земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој го срамни градот.
Загинаа 1.070 жители на градот, повредени беа најмалку 3.000, а 1.200 лица останаа инвалиди, уништени беа 15.800 станови, а оштетени 28.000.
Околу 200 000 луѓе останаа без покрив над главата. Земјотресот погоди 50.000 квадратни километри.
Земјотресот уништи околу 80 проценти од Скопје – вклучувајќи ги и театарот, Домот на АРМ, Народната банка, како и железничката станица чиј часовни застана во 5 часот и 17 минути и остана како спомен на катастрофата. Остатокот денес е градски музеј.
– Скопје доживеа невидена катастрофа, но ние ќе го обновиме Скопје со помош на целата заедница. Ќе стане гордост и симбол на братството и единството, југословенската и светската солидарност – рече Тито по земјотресот.
Бања Лука во 1969 година
Земјотресот во Бања Лука се одликува со тоа што практично траеше два дена. Земјотресот започна на 26 октомври 1969 година во 02:55 часот и траеше до 8:53 часот, а главниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случи на 27 октомври во 16 часот и 35 минути.

Епицентарот се наоѓаше веднаш под градот, на длабочина од околу 20 километри. 86 000 станови беа целосно уништени.
Првиот регистриран земјотрес што ја погоди Бања Лука е оној од 1888 година, а освен овој од 1969 година, земјотреси го погодија овој град во 1935 и 1981 година. Сепак, земјотресот од 1969 година беше најсилниот регистриран.
Црна Гора во 1969 година
Официјално, најсилниот земјотрес во модерната историја на Балканот, со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, ја погоди Црна Гора на 15 април 1979 година, во 6:19 часот наутро.
Земјотресот, кој траеше само десет секунди, остана во сеќавањето на оние кои го почувствуваа како најлошото нешто што го доживеале некогаш. Во стариот град Будва, само осум згради останаа целосни, дел од ѕидовите на Стариот град во Херцег Нови паднаа во морето, најголемиот дел од аквадуктот од римскиот дом во Бар беше уништен, а тврдината Улцињ, вклучително и кулата Балчиќ, беше скоро целосно уништена; 450 села беа срамнети со земја.

На крајот, беше забележано дека земјотресот однел 101 животи во Црна Гора, додека 35 лица загинале во Албанија, а околу 100.000 луѓе останале без покрив над главата.
Епицентарот на земјотресот бил во морето помеѓу Бар и Улцињ, на околу 15 километри од крајбрежјето.