Силен земјотрес ја погоди Хрватска, епицентарот на потресот со магнитуда 6,3 по Рихтер бил кај Петриње, но се почувствувал во целата земја, па дури и во соседството.
„Успеавме да извлечеме едно дете, беше во автомобил врз кој се урна куќа. Сопственикот на куќата е под урнатините, но не се јавува“, рекло момче од Петриње за Н1.

„Слушнав дека се урнала и градинка, немало деца во неа, не знаеме дали имаме мртви“; вели друг…
Стигнуваат вести и од Сисак каде наводно се урнала половина спортска сала….