7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Околу 85 милиони луѓе ќе останат без работа – ПРИЧИНАТА НЕ Е ПАНДЕМИЈАТА

Кога ќе се споменат откази од работа во последно време сите помислуваат на коронавирусот бидејќи е факт дека милиони во светот останаа без своите работни места поради пандемијата. Но сепак иднината ни носи и работи кои може да остават уште милиони без работа, а тоа нема да бидат болести.

Се претпоставува дека роботите ќе доведат до губење на 85 милиони работни места во средни и големи компании во следните пет години, бидејќи пандемијата ќе ги забрза промените на пазарот на трудот и ќе ги зголеми нееднаквостите, се вели во извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ).

Истражувањето спроведено во 300 компании ширум светот покажа дека четири од пет администрации ги забрзуваат плановите за дигитализација на работата и примена на нови технологии, со што се поништуваат придобивките од вработувањето постигнати од финансиската криза 2007-2008 година.

– Ковид-19 го забрзува доаѓањето на иднината на работата – рече директорот на СЕФ, Садија Захиди.

За да ги задржат своите работни места, работниците ќе мора да научат нови вештини во следните пет години, бидејќи до 2025 година, работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, се наведува во студијата.

Во целина, се проценува дека создавањето работни места забавува, а нивното затварање се забрзува, бидејќи компаниите ширум светот сè повеќе користат технологија за да извршат многу работи.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести