Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски прими гол од Лионел Меси во кариерата, па благодарение на него ќе може да ужива во едно специјално пиво, инаку лимитирана верзија.
Сите голмани на кои аргентинскиот фудбалер им дал гол добиваат по едно шише пиво од компанијата „Бадвајзер“, по повод бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб.

Меси го урна рекордот на Пеле по бројот на голови за еден клуб на натпреварот против Валјадолид, со што стигна до бројката од 644 погодока.
Така, во пивото на Аргентинецот ќе може да ужива и Столе. „Фала за најспецијалното пиво, Меси!“, порача македонскиот голман на социјалната мрежа „Инстаграм“.