Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ: Се намалува бројот на заболени

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 декември 2020г. тестирани се вкупно 13.123 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, и е забележано намалување од 15,9 % во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 3.372 нови позитивни случаи од 35 града во државата со намалување од 26,5 % во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.429; 42,4%), со неделна инциденца – 231,4/100.000.

Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 25,7% , намалување од 3,6%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=910, 27,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=665; 19,7%), 40-49 (n=589; 17,5%), 50-59 (n=587; 17,7%) и 20-29 (n=414; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=52; 1,5%) и 10-19 години (n=145; 4,3%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.500 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, незачително помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 129 смртни случаи од 23 града, 30 помалку или 18,9 % во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 105 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години и 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 21 до 27.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...