Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати близу 100 лица

На 28.12.2020 во 23.45 ч. полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје  во содејство со Државниот пазарен инспекторат  по претходно добиени сознанија извриле контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово- с.Желино  и констатирале дека објектот работи  спротивно на законот односно мерките за справување со коронавирусот.При извршената контрола во објектот биле затекнати 94 лица од кои 73 гости, а биле затекнати и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија. Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ. Исто така изречени се и три санкции за неносење на лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел утврдување на идентитет. При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки биле пронајдени пари. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...