Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ДЕЛУВАА ОПУШТЕНО! Во Шведска нов закон за борба против КОВИД-19

Шведска цело време водеше опуштена политика во борбата против коронавирусот. Баровите беа цело време отворени, училиштата функционираа нормално и немаше обврска за носење маски, а во државата нема ни закон со кој би и се дозволило на Владата да ја ограничи слободата на движење на граѓаните.

Но, шведската Влада денеска претстави закон со кој се даваат нови привремени овластувања за борбата против пандемијата на коронавирус, а планот е неговата примена да почне во јануари.

Владата, која досега во голема мера се потпираше на препораки, објасни дека новиот закон ќе и овозможи да донесе ограничувачки мерки и да воведе санкции во случај на непочитување на мерките.

Така, ќе може да се затворат продавници, трговски центри или јавен превоз, па и да се ограничи бројот на луѓе што се дозволуваа да се собираат на одредени јавни места, наместо да воведува општи мерки.

Владата сака законот да стапи во сила на 10 јануари, но прво ќе треба да биде изгласан од парламентот.

Шведска има нетипична и контроверзна стратегија уште од почетокот на пандемијата, бидејќи таа не воведе мерки за изолација како што тоа го сторија другите европски земји.

Кога бројот на заразени и мртви се зголеми, Владата го ограничи бројот на луѓе на јавни настани на осум од средината на ноември, а на 18 декември, по првпат, препорача носење маски во јавниот превоз и други ограничувачки мерки. Учењето на далечина во средните училишта е продолжено до 24 јануари.

Здравствените власти инсистираа на потребата да се донесат долгорочни мерки, оценувајќи дека борбата против пандемијата е „маратон, а не спринт“.

Шведска нема закон што ќе и дозволи на Владата да ја ограничи слободата на движење во мирнодопско време, како што е случајот со воведувањето карантин поради пандемија.

Во Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега имало 396.048 лица заразени со коронавирус, а 8.279 лица починале како резултат на болеста.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...