Connect with us

Hi, what are you looking for?

Х-Фајлс

Богојески од Македонски Концепт и Ристовски од Интегра со поддршка за Мицкоски

„Кога можеше Апасиев, можеме и ние да го поминеме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Ваква шанса, да го поминат рејтингот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, помалите партии и лидери може да добијат само еднаш во животот. Христијан Мицкоски на сите ни помогна да пораснеме. Да не беше Мицкоски ни Апасиев ќе станеше втор политичар според рејтингот, ниту ние ќе се факторизиравме“, изјавија на заедничка прес конференција лидерите на Интегра и Македонски концепт.
Петар Богојески – Бунтур и Љупчо Ристовски му дадоа недвосмислена поддршка на Мицкоски и му порачаа да не помисли да се откаже од тронот во ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку дојде нов лидер во ВМРО, постои опасност да паднеме и ние и Апасиев. Каква е таа демократија ако тој ги придобие симпатиите на јавноста и заради тоа паднат нашите рејтинзи ?“ запрашаа двајцата лидери.
„Се додека јас и Бунтур не го поминеме Мицкоски, неговата мисија во ВМРО-ДПМНЕ, не е завршена“ вели првиот човек на Интегра. Во знак на почит, како засилување на Мицкоски, освен Воислав Зафировски, Ристовски најави дека кон белата палата може да го испрати и популарниот Џими.

* *Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...