Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА: Дијагнозата на рак и ја донесе љубовта на животот, а наскоро ќе стане и мајка!

Моника Козловска (31), деловен тренер од Полска, сега живее во Ројал Танбриџ Велс со нејзиниот партнер Енди (44). На пролет 2021 година, таа ќе стане мајка, а до пред неполни две години немала идеја какво изненадување ќе и донесе животот – од соочување со најстрашната дијагноза, до заљубување и основање семејство.

– Се преселив во Лондон во 2010 година – изјави Моника за британските медиуми. – Отсекогаш сонував да живеам таму. Пред да се вработам во маркетинг, работев во кафеана. Кога раскинав со момчето со кое поминав неколку години во 2016 година, се посветив на работата.

Како тинејџерка, на Моника и бил дијагностициран Хашимото, состојба во која имунитетниот систем ја напаѓа тироидната жлезда. И било кажано дека ќе мора да зема лекови за тироидната жлезда до крајот на животот. Но, рутинската инспекција во септември 2019 година покажала дека нешто не е во ред.

– Со ултразвук бил пронајден јазол за кој лекарите се сомневалр дека може да биде од малиген тип. Веднаш закажала биопсија.  Но, кога една недела подоцна, лекарот и рекол дека туморот е малиген и дека ќе мора да оди на операција за отстранување на тироидната жлезда, Моника се распаднала психички.

Особено ја вознемирила веста дека поради третманот со радијација, може да се збогува со мајчинството.

– Кога го слушнав тоа, се расплакав на подот од кујната. Исто така, се плашев дека нешто ќе тргне наопаку при операцијата, се плашев од смртта – вели е Моника.

Во тој момент, таа сфатила дека и треба некој со кого ќе ги сподели нејзините стравови, црни претчувства и грижи.

– Четири дена подоцна, се преселив во нов стан, бидејќи потпишав договор за изнајмување месеци порано. Но, сега бев целосно сама. Повеќе од кога било, посакував да имам партнер кој ќе ме поддржува – се присетува Моника.

Операцијата била закажана за 7 февруари, но поради ситуацијата со коронавирусот, мајката на Моника не можела да дојде од Полска и да биде со нејзината ќерка.

– Операцијата беше проследена со тешка недела. Пријателите ми носеа храна и ме охрабруваа да не паѓам психички. Бев во депресија – се присетува таа

Неколку месеци по операцијата, Моника отишла на замрзнување на јајни клетки  за во следните години да се обиде да стане мајка.

– Сакав деца повеќе од сè. Во исто време, знаев дека животот мора да се промени и дека морам барем да се обидам да запознаам некого. Се зачленив на апликацијата за запознавање и започнав разговор со неколку мажи. Се совпаднав со еден човек по име Енди и започнавме да разменуваме пораки. Еден месец подоцна, отидовме на состанок – открива Моника.

Таа вели дека можела да разговара со Енди со часови; успеал да ја насмее и да ја расположи, а исто така и се допаднало што тој е семеен човек.

– Отидовме на друг состанок пред да започне карантинот за Велика Британија на 23 март. Енди и јас разменувавме пораки секој ден и договаравме видео состаноци секој викенд, разговаравме со часови. Ова ни овозможи полека да се запознаваме, а кога карантинот заврши во јули, можевме да го поминуваме времето во живо, лице в лице. Нашата врска стануваше посилна – открива Моника.

Во септември и двајцата биле изненадени кога Моника дознала дека е бремена.

Моника е убедена дека соочувањето со дијагнозата рак ја натерало да запознае  човек кој и го направил животот подобар.

– Ракот ме натера да сфатам дека можам да го имам животот каков што секогаш посакував – заклучува пресреќната идна мајка.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...