10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Приведени двајца сопственици на угостителски објекти во гостиварско, објектите затворени

На 27.12.2020 околу 22 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик. Исто така вчера, (27 декември) во 19 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З.(65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски“ во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци. Д.З. е задржан  во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести