Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Пак ли нов пораз тато (2) : Мицкоски ја загуби битката и за ГА-МА

„Успеавме во битката да не се потрошат 33 милиони евра со 21 часовна дебата без престан. Продолжуваме во битка за правда и битка за одговорност за криминалот.“
„Не дозволивме да помине кражбата на власта и спорниот предлог- закон со 21 час непрекината битка во Собранието. Расправата траеше и цела ноќ до 8 наутро заедно со моите колеги пратеници без престан го блокиравме обидот Заев да му даде 33 милиони евра на Макпетрол.“
Со вакви постови, пратеничката група на Мицкоски во саботата прослави победа над власта.
Во фалењето им се придружи и Мицкоски кој се сликаше со пратениците во петокот вечерта, а потоа си замина за да биде свеж за следното качување на Водно.

Два дена подоцна , реалноста повторно го демантираше и го отрезни Мицкоски.
Собранието со мнозинство гласови го донесе предлог законот за ГА-МА. ВМРО-ДПМНЕ помогна за кворумот, но сите пратеници на Мицкоски не гласаа против законот, односно против гласаа само 30 пратеници. На собраниското гласање претходеа жестока реакција на новинарските здруженија, на стопанската комора и на компанијата макептрол кои му укажаа на Мицкоски дека повторно ја згрешил стратегијата и непотребно покажувал сила и навредувал.
Со 60 гласови „за“, 30 против и ниту еден воздржан, пратенициите го изгласаа законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол. После 15 години преговари околу сопственоста на ГА-МА, државата ќе стане 100 процентен сопственик на целиот национален гасоводен систем. Договорот за купување на акцијата која ја поседуваше Макпетрол е постигнат со медијаторство на Европската енергетска заедница. Се очекува со решавањето на овој спор да се забрза процесот на гасификација.
Пред само две недели, политиките на Мицкоски беа поразени и на локалните избори во Штип.
Медиа.мк веќе пишуваше за овој пораз.

најчитани вести

Македонија

Да биде јасно: Предлог законот за попис е пример за регулирање на политички попис, во сите негови фази. Политичкиот попис кој арогантно се најавува...

Македонија

Многу е едноставно, или Мицкоски ќе си оди во наредните два-три месеци или Мицкоски ќе остане запаметен како последниот лидер на ВМРО. Пишува Никола...

Забава

Љубовта не бира. Или така барем велат тие. Возраста не е важна, ако сте заедно со личноста која ја сакате. Во случајот на едно...

Забава

Како да не било доволно што извршил прељуба, овој Британец се најде во голема неволја затоа што имал врска со мајката на неговата девојка!...