Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

НЕ БЕШЕ САМО КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА – ОВИЕ “ЧУМИ” ДОВЕДОА ДО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ ВО 2020 ГОДИНА

За момент се чинеше дека помалото движење, помалото користење на авиони и автомобили, како и помалото производство на фосилни горива, ќе доведат до тоа Земјата да се исчисти барем малку, но се чини дека тоа не се случи. Податоците покажуваат дека оваа година се случи огромна финансиска загуба поради трагедиите предизвикани од климатските промени ширум светот.

И додека светот се бореше со коронавирусот, милиони луѓе паралелно водеа некои други битки, битки кои беа предизвикани од екстремни временски услови.

На списокот на десетте најголеми несреќи што однеле најголем број животи и направиле најголеми трошоци за осигурување, дури шест се случиле во Азија, а тоа се главно поплави што предизвикале штета од 40 милијарди долари во Кина и Индија, пишува Би-Би-Си.

Во САД, ураганите предизвикаа најголем хаос, штетата достигна до 60 милијарди долари. Оваа сезона на урагани беше многу активна и донесе 7 именувани тропски циклони кои стигнаа до крајбрежјето на континенталниот дел на САД пред крајот на август, што е рекорд откако се мерат податоци.

Ураганите се сè поголем проблем за САД. Потоплите океани ја зголемуваат можноста за појаки бури, а еден од факторите што многу влијае на температурата на водата е глобалното затоплување.

Невообичаената дождлива сезона на монуните во Азија доведе до губење на животите на неколку илјади луѓе, а милиони останаа без домови, а штетата се проценува на 10 милијарди долари.

Циклоните што ја погодија Азија доведоа до загуби од 13 милијарди долари за само неколку дена. Евакуацијата на милиони луѓе во Индија и Бангладеш беш дополнително попречена од епидемијата. Амфам е најсилниот циклон досега забележан во Бенгалскиот залив.

Коронавирусот не е единствената чума што ја нападна Источна Африка. Во услови на глобална пандемија, луѓето во регионот исто така се бореа со сериозна закана за нивните животи и домови: скакулци.

По една од највлажните години откако беа направени мерењата, скакулците ја зајакнаа својата сила, бидејќи временските услови им дозволија да се размножуваат генерација по генерација. Климатските промени, на крајот, ги променија нашите временски услови, носејќи повеќе дожд во споменатите области, што дополнително влијаеше на размножувањето на скакулците. Штетата што ја направија се проценува на 8,5 милијарди долари.

Бурата Кјара ја уништи Европа. Ветровите и обилните дождови предизвикаа голема штета низ цела ЕУ, најмногу поради паѓање дрвја или кршење на насипи на водотеците, но и колапс, во патниот, водниот и воздушниот сообраќај. Резултатот е 14 загубени животи и штета од 2,7 милијарди долари.

Поплавите предизвикани од обилните дождови во Јужен Судан погодија повеќе од еден милион луѓе. Обилните дождови предизвикаа и материјална штета, а најголемата е што сите земјоделски култури за оваа година беа збришани.

Беа забележани бројни глобални еколошки катастрофи во текот на годината, вклучувајќи поплави и свлечишта во Виетнам, како и пожари во САД и Украина.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...