Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Необични обичаи и правила за НОВА ГОДИНА НИЗ СВЕТОТ

Couple in love sitting next to a Christmas tree, wearing Santa's hats, hugging and looking away from the camera towards the tree. Selective focus on the girl's hat

Дочекот на 2021 година можеби е најчудниот во изминативе 100 години, пред се поради пандемијата поради која ја нема еуфоријата на која бевме навикнати изминативе години. Иако секоја  земја си има свои различни обичаи, сепак тие се сведени на минимум, а повеќето Новата година ќе ја дочекаат во кругот на своето семејство. Но, сепак да се потсетиме какви се обичаи за дочек на Нова година постојат во светот.

Пред околу 4.000 години, Нова Година за прв пат е прославена во антички Вавилон, и оттогаш, луѓето ја славеле на целата планета со музика, огномет, на улиците и плоштадите или дома.

Секоја земја има свои обичаи: Шпанците, на пример, јадат 12 зрна грозје на полноќ за да бидат среќни сите 12 месеци од годината.

Грците јадат торта во која има пари, а ако се најде во третото парче торта таа година, семејството може да се надева на среќа цела година.

За Германците, новогодишната ноќ е незамислива без огномет и крофни, а Британците се бакнуваат на полноќ и се грижат кој ќе им биде прв гостин – ако станува збор за машка личност со подароци, ќе имаат среќа.

Јапонците ја започнуваат новогодишната ноќ наутро кога со чистење на куќите симболично ја бркаат прашината од минатото и го подготвуваат домот за успешна Нова година.

Последниот чин на прославата во Јапонија е слушање на часовникот кој се огласува 108 пати, за што се смета дека ги брка несреќата, незадоволството и себичноста.

Кинезите ги украсуваат сите врати со црвени украси за Нова година, бидејќи црвената боја е симбол на среќа и радост.

Сите ножеви се отстрануваат од домовите 24 часа, за никој да не биде повреден, бидејќи таа несреќа би значела дека таа личност ја спречува семејната среќа во наредната година.

Во Бразил, вообичаено е да се носи бела облека на новогодишната ноќ за среќа и мир во наредната година. Бразилците одат на плажа каде скокаат седум бранови, фрлаат цвеќиња во океанот за да имаат среќа и пари во новата година.

Русите на парче хартија пишуваат желба за Нова Година, а потоа ја палат и ја ставаат на чаша со шампањ, кој треба да го пијат до 12 јануари.

Естонците јадат седум, девет или 12 пати за Нова Година затоа што сметаат дека се среќни броеви – колку повеќе јадат, за нив ќе биде попросперитетна претстојната година.

Во Турција е традиција да се спие пред влезната врата додека ѕвонат sвоната на новогодишната ноќ, што носи мир во семејството.

Австријците веруваат дека свињата е симбол на среќа, па затоа Новата година ја поминуваат со свинско месо и си даваат слатки од марципан или чоколадо во форма на свиња.

Французите јадат палачинки за Нова Година, а Данците ги кршат чиниите пред влезната врата на соседите – колку повеќе скршени чинии пред вашата врата, толку повеќе среќа во новата година.

Во Италија се верува дека носењето црвена долна облека за Нова година ќе донесе љубов, напредок и среќа, во Боливија носат жолта долна облека за да бидат среќни следната година, а во Аргентина розова за да бидат среќни во љубовта.

најчитани вести

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Забава

Пејачката Сандра Африка не крие дека нема среќа во љубовта и дека досегашниот избор на парнери не бил доволно добар за да се венча...