6 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Медиумските перјаници на Мицкоски бараат враќање на глаголицата !

Првите луѓе на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се залагаат за реформи во образовниот систем, но преку враќање назад 1200 години.
Имено, директорот на проопозициската ТВ Алфа Јани Бојаџи, во последната колумна предлага отфрлање на кирилското писмо и враќање назад на глаголицата.
„Напуштање на кирилското писмо, воведување на глаголицата како државно и национално писмо и овозможување нов и еднаков почеток на сите граѓани во системот на образование и почнување на меѓусебно помирување, простување, обединување и враќање во вредностите на националното, културното и цивилизациското практикување на поединечните и општите вредности во национална и граѓанска смисла“ се вели во колумната на Бојаџи објавена во Нова Македонија.
Сепак не сите реформи, би морале да значат враќање назад по 1000 години. За некои од реформите доволно е враќање назад од 70-тина години , односно во времето на национализацијата.
„Национализација на имотот и објектите на Македонската православна црква и на Исламската верска заедница, кои се дел од хеленското, древномакедонското, римското и отоманското владеење на територијата на Македонија и прогласување за национално богатство во облик на музеи и културни центри и нивно ставање во туристичка и економска функција, управувани од државни или од овластени и квалификувани јавни организации“ предлага Бојаџи.
Освен на овој начин , реформите би требало да се реализираат и преку длабок рез на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
„Давање отказ на сите наставници и целата администрација и трансформирање во повеќе универзитети со една и единствена цел: мелоризација на македонската база на општественото пропаѓање и уништување на оваа образовна маларична болест на незнаење и девастација на умот преку отстранување (секако со исклучоци) на оние маларични комарци на универзитетска фарса од програми и наставници што наместо знаење, квалификации, компетенции и самодоверба седумдесет години произведуваат незнаење и полтронство кон квазиелитите на црвената буржоазија, која управува со овој систем од 1945 година па сѐ до овој момент сега. Ова е почетната точка“ пишува Бојаџи.

Сепак за да се стартува со какви било реформи, Бојаџи предлага како прв услов аболиција на сите обвинети и осудени за настаните од април 2017 година, вклучување во општествениот живот и враќање на нивните изгубени човечки и социјални права.
Потоа може да следи поднесување обвиненија и почнување судски процеси за ставање на државата во подредена положба и склучување штетни договори на поединци, групи и организации.
Актуелниот директор на ТВ АЛфа важи за близок соработник на Христијан Мицкоски, а како што кажа и самиот, во неделите после возење велосипед, поминува во штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да продискутира околу актуелната состојба.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести