Време е за нешто ново! Пејачката Сузана Јовановиќ повеќе од две децении е во складен брак со директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ.
Во една прилика раскажала како нивната љубов постепено настанала од пријателство, и од кога едниот на другиот се заколнале на верност, живеат одлично и повлечено.
Пејачката откако се омажила во целост се посветила на семејството и освен неколку хитови која имала во меѓувреме, не се експонирала со гостувања и настапи. Многумина кој ја познаваат велат дека е многу скромна.
Сепак, Сузана овојпат решила на некој начин да ја освежи својата кариера и да се врати на старата љубов, пеењето. Моментално пејачката е во Истамбул каде што снима своја нова песма, а веста за тоа на сојот Инстаграм ја споделил фотографот и режисерот на музичкиот спот Дејан Миличевиќ
– Големо враќање после петнаесет години – дама, мајка, супер жена, нашата Сузана Јовановиќ-Поповиќ – напишал Милиќевиќ во опис на видеото во друштво со Сузана