Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ЗАБОРАВЕТЕ НА ЖУРКА ЗА НОВА ГОДИНА ПО ДОМОВИТЕ ! Ако ве пријави комшијата, ПОЛИЦИЈА МОЖЕ ДА ВИ ТРОПНЕ НА ВРАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ !

Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица. МВР почнува со проектот за бесплатна телефонска линија и тоа неспоредно пред новогодишните празници. Ова денеска го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, истакна Спасовски.

Тој најави поригорозни контроли за празниците во насока на почитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

– Една од клучните задачи е да се изврши контрола и надзор на спроведувањето на мерките за заштита од ковид. Се наоѓаме во ситуација кога вирусот лесно се шири. Знаете дека зголемувањето на бројките на заболени создава сериозен притисок врз здравството и здравствените работници, истакна министерот за внатрешни работи.

Нагласи дека пандемијата и кризата траат предолго и оти пред се се исцрпени човечките капацитети и токму заради здравствениот систем, но и за животот и здравјето на граѓаните мора да се почитуваат сите мерки.

-Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ги почитуваат мерките, но за жал имаме и себични граѓани. Затоа активно работиме на терен и зголемен е интензитетот во контролата на мерките и тоа дава резултати. Сега се денови на празници кога граѓаните се навикнати на собирање и дружби и се работи на детектирање на оние кои не ги почитуваат мерките. Секојдневно имаме случаи кога се растураат забави кои и одредени групи ги права и тоа не го правиме само по дојави, туку врз основа на планови и активности, рече Спасовски. 

најчитани вести

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Свет

Ангела Меркел, жената која ја води една од најмоќните држави во светот која врши експорт во вредност од 1500 евра секоја година, не живее...