„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра, односно 429.495.929,60 денари.
Охриѓанецот добил огромна сума на пари, но од „Спорт-Лаиф“ не сакаат да му ги дадат сите пари затоа што се случила грешка во системот на апаратот за обложување.
Исто така, тие му понудиле два милиони денари за да не ги тужи, но тој нема намера да се откаже од целата сума, односно седум милиони евра, па реши да ангажира адвокатски тим со кој ќе си ги бара заработените пари.
Доколку не се најде некакво решение, тогаш случајот ќе заврши на Суд, а повеќе детали за ова може да прочитате на „Охридскај“.
ИЗВОР+ФОТО: Охридскај
