Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Вардар шампион со најдолг стаж од 574 дена, кој ќе биде новиот владател на Европа?

Келн ќе биде во центарот на вниманието во следните два дена, во „Ланксес Арена“ ПСЖ, Барселона, Веспрем и Кил ќе водат битка за пехарот во Лигата на шампионите.

Поради пандемијата коронавирус на тронот на Европа, македонскиот тим, Вардар остана најдолго на врвот, поточно тука ќе биде до утре или вкупно 574 дена.

„Црвено-црните“ на 2. јуни минатата година по вторпат ја освоија титулата, во финалето го совладаа Веспрем, додека претходно традиционално ја урнаа големата Барселона.

Ковид-19 го промени спортот, како и патот до Ф4. ЕХФ немаше друго решение освен во полуфиналето да ги лансира ПСЖ – Барселона и Веспрем – Кил. Единствен македонски претставник на завршницата за минатата сезона е нашиот репрезентативец, Дејан Манасков, кој настапува за унгарскиот првак. Дуелот со германскиот тим, Кил, кој по паузата од четири години одново ќе има шанса да се бори за трофејот, се игра со почетокот во 20:30 часот.

Претходно во првата полуфинална пресметка силите ќе ги одмерат ПСЖ предводен од Раул Гонзалез, творецот на првата златна генерација на Вардар. Шпанскиот стратег треба на францускиот клуб да им го донесе првиот пехар во историјата. Тој на другата страна ќе го има својот сонародник, Чави Пасквал, неговата Барселона последен пат пехарот го подигна во сезоната 2014/2015.

Раул еднаш го доби како предводник на Вардар и тоа во полуфиналето во 2017 година, па останува да видиме дали ќе успеа да ја создаде истата хемија како во времето кога беше стратег на „црвено-црните“.

Кога сме кај титулите, Барселона е најтрофејниот тим во ова натпреварување, има девет. Од учесниците на Ф4 во Келн, Кил има три, додека Веспрем и ПСЖ се немаат израдувано.

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Македонија

„Охридскај“ пишува дека спортската обложувалница „Спорт-Лаиф“ се соочува со проблеми затоа што треба да му исплати на еден човек во Охрид дури седум милиони евра,...

Македонија

На 25.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од с.Шишево,скопско пријавил дека околу 14.50 часот додека бил на работно место во фирма на...

Свет

Ангела Меркел, жената која ја води една од најмоќните држави во светот која врши експорт во вредност од 1500 евра секоја година, не живее...