Елен не можеше да го прослави својот 100-ти роденден со своите најблиски поради вирусот корона, па организираа парада
Жителите на мал ирски остров смислија одличен начин да го прослават 100-от роденден на една бабичка, и покрај пандемијата за да не го загрозат нејзиното здравје.

Имено, поради мерките за поради новиот бран на коронавирус гостите не можеле да дојдат и да се организира забава, па локалното население организирало колона возила што минуваа покрај куќата на славеничката Елен Фадијан.
Елен целиот свој живот го поминала на островот Даг, на западот од Ирска. Бидејќи не можело да се одржи забава поради ограничувачки мерки, таа имала прилика да следи парада со над 100 автомобили како поминуваат покрај нејзиниот дом, а луѓето и посакуваат среќен роденден, пренесува „Дејли меил“.

Покрај автомобилите како дел од парадата имаше и оркестар со гајди и тапани.
Како сето тоа изгледаше погледнете од видеото