16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

СДСМ: Пописот кај нас е по стандарди на ЕВРОСТАТ и треба да биде со европско знаменце, концептот на ВМРО-ДПМНЕ за политичка операција на пописот е погрешна

Целосна лага е дека Законот за попис не треба да биде со европско знаменце, има бројни аргументи и причини зошто е и треба да биде така.

Пописот кај нас се реализира според бројни правила на Евростат. Дополнително, токму во Извештајот на ЕК пописот се споменува како потребна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана.

Колку е неразумното ваквото тврдење и кочење на пописот од страна на ВМРО-ДПМНЕ говори фактот што Законот за попис и во првото предлагање беше со европско знаменце.

Пописот не е и не смее да биде политичка операција како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните не сакаат пописот да биде политичка политичка операција туку статистичка, како што е правилно.

Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пропадна.

18 години не е спроведен попис во земјава и недзволиво е да се одложува затоа што е потребен за развојот на татковината.

Република Северна Македонија конечно ќе добие попис според меѓународните прописи и стандарди на ЕВРОСТАТ.

СДСМ, Владата што ја предводи и пратениците од мнозинството се подготвени да прифатат конструктивни идеи и предлози кои се реално спроведливи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести