Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Ќе има продолжение за НАЈСТРАШНИОТ ХОРОР ФИЛМ ВО ИСТОРИЈАТА

Продолжение на филмот „Егзорцист“ од 1973 година е во подготовка, пишува „Collider“. Развиен од „BloomHouse“ и во режија на Дејвид Гордон Грин, автор на новата, успешна трилогија за „Ноќта на вештерките“.

Ќе го продуцираат Џејсон Блум, Џејмс Робинсон и Дејвид Робинсон, кои се надеваат дека филмот ќе има премиера во 2021 година. Порталот „Observer“ вели дека Грин се уште е во преговори за режија и дека треба да му се посвети на проектот веднаш штом ќе заврши последниот дел од „Ноќта на вештерките“.

За време на премиерата, „Eгзорцист“ беше револуционерен. Луѓето се собираа во киносалите за да го видат, желни за адреналин и еуфорија.

Филмот заработи над 440 милиони долари, со примарен буџет од 12. Беше номиниран за 10 Оскари, како и за Најдобар филм, заминувајќи во историјата како прв хорор што се најде во потесниот избор за најпрестижната награда на американскиот филм (2 Оскари – најдобро сценарио и најдобар звук).

Во оваа прилика, објавуваме неколку интересни факти за легендарното кино остварување, кои ја замрзнаа крвта на гледачите во нивните вени:

1. Се базира на вистинска приказна од 1949 година, кога беше извршен „егзорцизам“ на момче познато под псевдонимот Роланд До.

2. Марлон Брандо требаше да го игра свештеникот Мерино, но режисерот Фридкин сметаше дека самиот изглед ќе го одвлече вниманието од снимањето на филмот.

3. Иако не е споменато во филмот, името на демонот кој ја поседува девојката Реган е Пазузу.

4. Пушењето цигари и пиењето виски придонесоа за убедливоста на гласот на Пазузу, односно актерката Мерцедес Мекамбриџ која му ја позајми.

5. Пискањето свињи беше клучно во дизајнирањето на звукот за филмот.

6. Мајката на актерката Линда Блер, која ја игра Реган, навистина го сакаше сценариото. Таа е таа што ја донесе својата ќерка на кастингот и ја запозна со продуцентите.

7. Повеќето од филмската екипа веруваа дека сетот е прогонуван кога избувна пожар, а девет лица во тимот починаа до крајот на процесот на снимање на филмот.

8. Кукла беше користена за одредени сцени со Реган.

9. Бидејќи многу гледачи повраќале за време на филмот, некои кина делеле ќеси со продадените билети.

најчитани вести

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Забава

Додека целата естрада се жали дека нема настапи поради мерките кои се воведени за превенција од КОВИД-19, Северина си најде начин како да го...

Забава

Кристина Кија Коцкар, Катарина Живковиќ и заминаа на патување и искористија шанса целосно да се препуштат на уживањето. Пејачките решија да избегаат од Белград...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...