Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Заев кој организираше талибански избори, сега талибански ќе попишува, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае таков попис

Заев кој организираше талибански избори, сега талибански ќе попишува.

Пижама премиерот Заев го злоупотребува европското знаменце при носење на Законот за попис. Законот за попис не е материја со која се усогласува нашето законодавство со тоа на ЕУ, па да треба европско знаменце.

Пописот се спроведува како политички договор, а не како статистичка операција.

Власта ги води сите работи без консултација на опозицијата. До сега не кажале по каков метод планираат да го извршат пописот. Со криењето на методот оставаат дополнителен сомнеж пред се во јавноста.

Според начинот на кој СДСМ сака да го спроведе пописот во државата можат да излезат и нереално да се избројат и 3 милиони жители, што во ниту еден случај нема да соодветствува со реалноста.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават 10.000 терминали и да се попише резидентното население. Тие терминали ќе бидат со можност за отисок од прст и само така ќе се изврши реален попис, кој ќе ни даде реални статистички информации.

Со терминали за отисок од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани, и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти.

Туркање на пописот на сила е кобно за државата. Токму затоа попис каков што планира СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема да признае.

најчитани вести

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Забава

Астролозите предвидуваат многу среќна година, богата со настани и отворена за нови можности. 2021 година ќе биде судбоносна за сите, но три хороскопски знаци...

Забава

Додека целата естрада се жали дека нема настапи поради мерките кои се воведени за превенција од КОВИД-19, Северина си најде начин како да го...

Забава

Кристина Кија Коцкар, Катарина Живковиќ и заминаа на патување и искористија шанса целосно да се препуштат на уживањето. Пејачките решија да избегаат од Белград...