6 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Вистинска приказна за познат скопски пар..

Приказнава е жива вистина, а се случи пред извесно време во Скопје. Се работи за релативно познат скопски пар па, затоа, имињата ќе ги тргнеме но, многумина ќе ги препознаат.

Значи, тие се во средна возраст, добро ајде, можеби тој што е одамна над четириесеттите е малку постар. И двајцата добро се држат, што е важно за нашата приказна, слободни како птици на гранка.

Во време кога пред кон крајот на летото работеа сите кафичи и ноќни клубови, човекот реши да се забавува до касно во ноќта и да кибицира една дваесет и петгодишна клинка која сама си го бара со своето однесување. За него, и според неговото искуство, работата треба да заврши со секс.

ТАА работите го раскажува на свој начин: Излегов вечерта нормална, ништо посебно провокативна, и без добро расположена. Ништо повеќе од тоа. Него не го познавава иако, подоцна, разбрав дека има фирма за софтвер и добро стои во работата. Се случи да почне да ми приоѓа, да ме викне на страна да поразговараме и се во тој филм. Немам дечко уште од мај, а тоа мислам дека беше во септември, и ние почнавме да излегуваме, секако дека претпоставув дека е женет со оглед на годините но, ниту ме интересираше ниту спомавме нешто на таа тема. Приметив дека е многу скржав. 

– Скржав? Па, тој работи, има своја фирма и пристојни пари за скопски услови, живее во сопствен стан, а и вози Ауди. Со нова, млада девојка треба да се покаже, а не на неа да штеди. На што троши? – прашуваме

Немам идеја, тоа не го зборувавме. Тој објасни само дека е рационален. Излегувавме два-три пати неделно, тој пие кафе јас пиво, или некое вино и со неговата “скржава рационалност“ некако се осеќав виновна, дека правам нешто лошо пред него. Нетрпеливоста растеше, иако за се друго беше во ред.

Кога зборам дека било во ред значи дека и јас, и тој, во другиот сме го добиле тоа што го очекувавме. Приказните и чудењата со она грозно “аууу, па многу е постар од тебе…“ од другарките не ми значеа ништо. Секој има свој вкус, а знам дека повеќе од половина од другарките кои се на 27-28 години би го направиле истото ако имаат прилика. Јас ја имав.

И, да не должам, тераме ние така кога преку син на колешка од женаму таа дознава дека се гледаме. Синот, дечкото што не пријавил кај мајкаму, инаку е бивш дечко на моја другарка и така аберот преку мајкаму дошол до таму каде што најмалку треба. Она, преварената, одма седнала да ме пребарува по интернет, и бидејќи имам голем Инстаграм профил преку кој и заработувам од огласувачи, ме нашла брзо со сите детали.

Нормално, дома следеле скандали, закани со разводи и се што се подразбира во такви случаи кога некоја над четиресет години ќе дознае дека нејзиниот маж излегува со клинка која има само 27. Не само што ја вара, туку со преварата ја удира од земја сред криза на средовечно доба, излегувајќи со млада девојка која има се што нејзе полека и заминува, го губи и не може да ги запре промените на телото и да ја сочува радоста на живеењето.

И, едно попладне, ми се јавува на телефон за да одиме на ручек, некаде на страна каде може на мир да поразговараме. И разговаравме. Накусо, по три месеци врска дома му се случува најава за развод по кратка постапка. За прв пат ми кажа дека има ќерка, и дека не му е сеедно што ќе биде со неа.

До тука, се можев да разберам но, кога како последен и клучен факт за раскунување ми кажа дека треба да прекинеме затоа што не мисли да плаќа алиментации и трошоци за ќерката и женаму, дека тоа не би било рационално, ми пукна филмот. Станав лута од масата, отидов и а јас ја платив сметката за да средбата биде “рационална“, додека он остана и гледаше бело пред себе. Говедо, ми беа последните зборови за него.

Дали сум загубила три месеци живеејќи во заблуда со човек кој, верував, ме сакал се додека не дојде сметката да се плати за тоа. А после, кога ќе се комплицира ситуацијата со некакви непланирани трошоци, он едноставно – заминува.

И си замина. Како што се очекува, другарките ме сожауваа и ликуваа со она познатото “ти зборев јас…“ а немаа појма што се случувало во тие три месеци, ниту знаеа кој е и каков е човекот со кој го поминав тоа време. Јас не можев да им кажам за “рационалноста“ на трошоците како причина за раскинувањето, некако ми беше долно и глупо да признаам пред нив дека сум откачена за пари, и тоа не којзнае какви и колкави со оглед на неговите примања. Не очекував брак со тој човек но, не очекував ни да бидам исфрлена од неговиот живот на тој начин, и заради тие причини.

И сега, кој е крив? Дали генерациите не се разбираат меѓу себе, имаат различни критериуми и капацитети, љубовта се гледа како струјомер кај нив а како среќа кај нас. Или се работи за конфликт помеѓу машкиот и женскиот начин на размислување? Или е нешто трето.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести