Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Новоизбраниот претседател на САД Бајден во писмо до премиерот Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД.

Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камала Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.

Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа. 

најчитани вести

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...

Македонија

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом,...