0 C
Skopje
вторник, април 6, 2021
spot_img

Мицкоски набави вакцини за спас на сите партиски функционери

„Кога власта е неспособна, тука сме ние да покажеме како треба да се заштитат граѓаните. Со парите кои ги земавме од буџетот и со помош на еден мој партнер , кој има приватна болница, деновиве ќе организираме масовно вакцинирање на партиските функционери кои заедно со мене се на браникот на криминалот“ , изјави Мицкоски при пристигнувањето на првиот пакет вакцини.

За да се заштити од короната, но и западните влијанија Мицкоски ќе ја прими руската вакцина, а со „Спутник 5“ ќе ги почасти и неговите најблиски соработници Миленко Неделковски, Љупчо Палевски и Александар Пандов кои се заеднички пријатели на увозникот.

„Гледам дека Заев повторно најавува преземање на три до шест пратеници и му порачувам да заборави. Ќе ги заштитиме луѓето. За Сафет Бишевац, Гордана Силјановска, Воислав Зафировски и останатите колеги кои ни пристапија периодов, обезбедивме вакцини против птички грип со оглед на фактот дека заради честото партиско прелетување повеќе се изложени на ризик од овој тип на грип“ изјави Мицкоски.

За Јаулевски, Јорданов, Неловски, Стојановски и останатите кадри од Унијата на млади сили, од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека е обезбедена ревакцинација за морбили и тоа во моментов им е доволно.

„Вело Марковски е член на извршниот комитет, но нема потреба него да го вакцинираме. Вело е имун на сите болести, вклучувајќи ја и науката“, одговори Мицкоски на прашањето за ставот на Маркоски во однос на планот за вакцинација.

„Ќе ми дозволите да останам мистериозен и да не ви откријам за кого е вакцината против беснило“, заврши Мицкоски.

**Целта на „Х-Фајлс“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции не е случајна.

Читај Следно

10,321FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести