Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ИСТРАЖУВАЊЕТО ПОКАЖА: Најдобро е да си легнувате до 22 часот

Експертите тврдат дека мора да се придржувате до една многу важна ставка ако сакате да се разбудите одморени, а тоа е – времето во кое заминувате на спиење.

Како што пренесува „Bright Side“, најдобро е да се отиде во кревет до 22 часот бидејќи раното заспивање има многу позитивни влијанија врз телото и умор.

Поквалитетен одмор

Најдлабокиот и најмирен дел од нашиот сон е помеѓу 22 часот и 2 часот наутро, што значи дека со раното заминување во кревет најдобро ќе го искористите истиот. Исто така, едно истражување покажало дека раното заспивање помага да ги спречиме негативните и загрижувачки мисли кои можат да нè држат будни во текот на ноќта.

Телото се враќа во форма

Кога сме во длабок циклус на спиење, нашето тело се лекува со лачење на хормон за раст и регенерација. Оваа клучна активност ќе се погрижи да бидеме во најдобра форма за следниот ден, особено кога станува збор за лицата кои се физички активни.

Се намалува стресот

Недоволниот сон може да создаде исклучително високо ниво на кортизол (хормон на стрес) во телото, кој потоа создава разни тегоби. Кога ќе го намалите неговото ниво со помош на квалитетен одмор, ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Подобра контрола над емоциите

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат доволно количество на сон се воглавно посреќни во животот. Кога немаме доволно длабок сон, нашите емоции стануваат нестабилни бидејќи е потешко да ги контролираме. Исто така, раното легнување во кревет може да значи и рано станување, што е многу важно ако сакаме да ја фатиме дневната светлина, што пак значи поголемо количество на серотонин за добро расположение.

најчитани вести

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Забава

Додека целата естрада се жали дека нема настапи поради мерките кои се воведени за превенција од КОВИД-19, Северина си најде начин како да го...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...