Елиф Елмас веќе почна да го привлекува интересот од страна на клубовите. Така менаџерот Емануеле Камарото, открива дека за македонскиот фудбалер има веќе две понуди од 20 милиони евра.
Засега не се откриваат клубовите кои понудиле пари за услугите на Елмас.
Камарото открива дека не очекува бурен преоден рок во јануари, со оглед дека пандемијата придонесе клубовите да работат со загуби, па дури и оние најголемите.
Меѓутоа со оглед на ситуацијата во Наполи, може да бидат продадени неколку играчи, пред се Фабијан Руиз и Кулибали, а за Елмас само ако има некоја добра понуда.