Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Народ умира по болници, регионот се снабдува со вакцини, Заев ќе седи дома во пижами

Тажната реалност говори дека земјава последна ќе се снабди во вакцини против корона. Вчера Заев призна дека нема план и дека можеби бугарските вакцини со кои се пофали дека се донација, а кој најверојатно се со симболична бројка ќе стасале до месец март.

Има информации и дека иако била понудена помош за снабдување со вакцини Заев од неразбирливи причини не ја искористил.

Од друга страна Србија започна со вакцинирање на населението, истото за скоро ќе го направи и Бугарија и Грција. Додека државите засилено работат за обезбедување на вакцини Заев објасни дека новогодишните празници ќе ги поминел во пижами.

Немаше потреба тоа да го каже затоа што изгледа премиерот Заев е 365 дена во пижами неработејќи ништо корисно. Пижама премиерот Заев не обрнува внимание на тоа што народ умира по болници и ходници, што за земјава нема вакцини, што нема доволно услови за борба против пандемијата.

Ако владата не е способна да обезбеди вакцини против корона тогаш прашањето е за што ги трошат парите на граѓаните?

Неспособноста на Филипче и Заев нема граници. Ќе беше вистинско чудо доколку обезбедеа вакцини против корона во разумен рок. Практично нивната неспособност народот го чини здравје и загубени животи.

најчитани вести

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Балкан

Јосип Броз Тито често се состануваше со многу светски лидери и на патувањата го дочекуваше најсвечен пречек, а начинот на кој го пречекаа во...

Македонија

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не...

Македонија

На 24.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје околу 21.30 часот извршија претрес на дом,...