Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез беше фотографирана додека излегуваше од теретана во Мајами во атрактивно издание, а убавицата не се откажува од вежбањето и покрај новиот бра на вирусот.

Пејачката и нејзиниот вереник Алекс Родригез останаа физички активни за време на пандемијата, а Џенифер Лопез повторно ја покажа совршената фигура.

Џенифер прошета во жолт топ и сини хеланки, додека на нозе имаше бели патики. На улица носеше црни наочари за сонце кои ѝ го прекрија половина лице, додека на усните имаше црна заштитна маска.
