Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ДОГОВОР ЗА БРЕГЗИТ: ЕУ и Велика Британија конечно се договорија

Велика Британија и Европската унија конечно постигнаа трговски договор само една недела пред крајот на преодниот рок за Брегзит и повеќе од четири години откако Британците гласаа за напуштање на блокот.

Преговарачите од Велика Британија и ЕУ работеа доцна во ноќта за да го финализираат договорот, а европски извори велат дека договорот е „неизбежен“, освен ако не се случи „изненадување во последен момент“.

Сепак, објавувањето на одлуката беше одложено до рано утрово откако британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан разговараа по телефон за „последната финеса“.

Велика Британија се повлече од ЕУ во јануари и имаше рок до 31 декември да постигне трговски договор со Брисел. Сепак, скоро една година, преговорите не се движеа од ќор-сокак за три клучни прашања за кои ниту една од страните не сакаше да попушти – риболов, еднакви права и управување.

Пред денешниот драматичен епилог во фото-финишот, и Лондон и Брисел ги подготвија граѓаните да бидат „подготвени за сите сценарија“, бидејќи има малку шанси да се постигне договор.

Договорот сега ќе треба да го ратификуваат британскиот парламент, Европскиот парламент и сите 27 земји-членки на ЕУ.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Македонија

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Забава

Сцените од реалити програмата редовно ги изненадуваат сите, а овој пат се случи вистинска семејна караница. Едно од најгледаните реалити програми е секако тоа...