18.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Милан урива рекорди: „Росонерите“ повторија постигнување на Барса од 1948 година

Фантастичниот Милан и синоќа ја продолжи победничката серија во италијанската Серија А, а со новите три постигнати гола успеа да потсети на еден неверојатен рекор од далечната 1948 година.

Имено, со победата над Лацио од 3:2, „росонерите“ станаа првиот тим од 1948 година кој успеал да постигне два или повеќе погодоци на повеќе од 15 натпревари по ред во една календарска година.

Претходно тоа го направи само Барселона, која во 1948 година успеа да постигне два или повеќе погодоци на 18 натпревари по ред.

Милан е лидер во Серија А со 34 освоени бода до сега по 14 одиграни кола. Во следната рунда од италијанскиот шампионат, Беневенто е нов противник за момците на Стефано Пиоли.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести