Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Три години Капетан Мицкотино – три години тоне ВМРО-ДПМНЕ Конкордија ( 1 )

Во Февруари 2015 година, Капетанот на луксузниот прекуокеански брод Коста Конкордија беше осуден на 16 годишна казна затвор. Франческо Скетино беше прогласен за виновен за несреќата во која што го потопи бродот, а загинаа десетици патници. Една од причините за тонењето на Коста Конкордија беше дека Скетино дал наредба на кормиларот да се приближи до брегот за да ги поздравел мештаните. Скетино ја отфрлаше вината , а медиумите го нарекоа „Капетан кукавица“ заради обидот да избега од бродот и одговорноста.
Секоја сличност со тонењето на бродот на ВМРО-ДПМНЕ предводено од капетанот Христијан Мицкоски е случајна. Бегството од изборите во Штип со обидот на бегство на Скетино е случајно. Бегството од заземање на став во врска со референдумот, исто така е случајно. Непризнавањето на вина, во сите порази и грешки исто така е случајно.
Не е случајно само што судот во Италија и јавноста во Македонија ја препознаваат одговорноста на првите луѓе кои треба да го доведат бродот безбедно до пристаниште или партијата до победа.

Мицкоски го премолчи датумот на кој беше инаугуриран како третиот претседател

Или Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тотално безначаен и за партијата или партијата и тој лично се срамат за резултатите од неговата работа во овие три години.
Друго образложение за молкот во текот на вчерашниот ден нема, а вчера беше значаен датум и за ВМРО-ДПМНЕ и за Христијан Мицкоски.
Пред точно три години, на дводневниот 16-ти Конгрес кој се одржа на 22 и 23 Декември во Валандово, Мицкоски беше избран за трет Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Со 376 гласови „за“, Мицкоски во Валандово беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше единствен кандидат, бидејќи втората апликација на извесен Блаже Митрев од Скопје беше оценета како неуредна. До пред конгресот Мицкоски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата.
„Мојата кандидатура е широко понудена рака за секој еден кој сака да биде дел од тимот кој ќе ја создава визијата и ќе го реализира сонот за победничка и економски напредна Македонија. Јас имам план. За нова надеж за нашата татковина, силна и достоинствена.“ ја промовираше тогаш Мицкоски својата кандидатура.
Во презентацијата на неговата визија како претседател , Мицкоски најави дека ќе се фокусира на три столба во обидот да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победнички патеки: збивање на внатрешните редови и поголема кохезија, подобрување на угледот кај меѓународниот фактор и зголемување на коалициските капацитети на партијата.
Мицкоски на годишнината од неговиот избор за претседател не виде потреба да им се обрати на делегатите кои го избраа во Валандово и да им каже до каде е со реализација на ветеното.

Мицкоски процени дека Сафет Бишевац, Воислав Зафировски или Силјановска се поголеми борци за политиките на ВМРО од Димовски, Димитриев и ред други

„Во периодот што претстои не само што има подадена рака, туку и прегратката е отворена и за сите добронамерници и граѓани на кои политките на ВМРО-ДПМНЕ им се блиски да помогнат затоа што сведоци сме дека последниве седум месеци се период на закани, уцени на Владата предводена од СДСМ, а мене лично ме загрижува безидејноста во насоките каде оди државата“ рече Мицкоски кога беше избран.
Сепак раката беше подадена кон Сафет Бишевац кој претходно беше пратеник на листа на СДСМ, Воислав Зафировски од Интегра и Гордана Силјановска која беше министер во владата на СДСМ.
За разлика од нив, на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ не најдоа место Илија Димовски, Емил Димитриев, Никола Попоски и голем број други поранешни функционери на партијата кои беа маргинализирани. За слуги и предавници беа прогласувани и новоименуваниот потпретседател Митко Јанчев, Никола Тодоров, поранешни градоначалници и сите оние кои не мислеа исто како Мицкоски.
Мицкоски не протестираше кога беше приведена Гордана Јанкулоска, но затоа повика на протести кога беше нападнат Љупчо Палевски.
Мицкоски не се заложи во одбрана на осудените за 27 април, но затоа не пропушти прилика да го брани бизнисменот Орце Камчев или осудениот Боки 13.
Во Извршниот комитет на партијата се најде место и за докторот Вело Марковски, но немаше место за други доктори кои не пребегале од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да ја обедини партијата, Мицкоски во овие три години уште повеќе ја подели.
Само последниве неколку денови се јавија неколкумина поединци кои ја критикуваа неговата политика и начинот на кој што ја води партијата. Поранешниот пратеник Крсто Јовановски и поранешниот министер Оливер Андонов изразија незадоволство во однос на актуелните случувања во партијата. Пред нив и поранешниот амбасадор во Унгарија Игор Есмеров излезе со барање за оставка на Мицкоски. Подолг период наназад делува Иницијативата за вонреден когрес која има поддршка од најголем број на стари партиски членови и делегати. Освен иницијативата со активности се вклучува и крилото , популарно наречено Конрад Аденауер, но и групацијата собрана околу поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Продолжува..

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Балкан

Југославија беше држава која се распадна од внатрешни причини со голема странска помош и поттикнување. Најголема воена сила во регионот, една од ретките кои...