Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Три години Капетан Мицкотино – три години тоне ВМРО-ДПМНЕ Конкордија ( 3 )

Третиот столб од програмата со која настапи Мицкоски на вонредниот конгрес во Валандово, кој се однесува на зголемување на коалициските капацитети на партијата не е ништо подобар од претходните два.

Успехот на Мицскоски да добие каква било поддршка од албанците се сведуваше само на посакување среќа во нивната соработка со СДСМ.

Пред изборите им посака среќа на Беса, откако ја промовираа одлуката да излезат пред граѓаните во коалиција со СДСМ. После изборите тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ ја има пол позицијата за формирање на ново владино мнозинство, но откако неговите понуди беа одбиени од ДУИ, му посака среќа на Ахмети во преговорите со Зоран Заев.

Првиот исчекор во насока на соработка со некои од партиите на албанците го направи пред неколку месеци кога под патронат на Конрад Аденауер ја промовираше новата неформална коалиција со Алијанса и Алтернатива.
Заради таа коалиција, Мицкоски се откажа и не ги спомена осудените од 27 април од кои новиот партнер Зијадин Села бара оштета од 500 000 евра. Мицкоски без коментар мораше да ги проголта и сите претходни изјави на Села кои одеа во насока на федерализација на Македонија.

Неколку месеци по промовирањето на неформалната коалиција во Хилтон , Села и Гаши излегоа со скандалозни предлог измени во Законот за државјанство со кои што, според нив, требаше да се доделат пред пописот 70 000 нови државјанства. Мицкоски одмолче и чекаше сите други да реагираат. На крај мораше и ВМРО-ДПМНЕ да се произнесе.

Сега сме сведоци повторно на истата постапка. Новите партнери Села и Гаши предлагаат учењето на албанскиот јазик да стане обврска за сите ученици, а Мицкоски молчи.
Алијанса за Албанците и Алтернатива реагираа на новиот концепт на образование кој предвидува учениците Македонци да можат да го изберат албанскиот јазик како изборен предмет. Според коалицијата, албанскиот јазик треба да биде задолжителен за учениците Македонци, исто како што македонскиот јазик е задолжителен за учениците Албанци. Визијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива е е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив ќе зборува на свој јазик, но и ќе се разберат без никаков проблем.

Ниеден претседател на ВМРО-ДПМНЕ немал толку порази во три години

Овие три години водење на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Мицкоски ќе останат запаметени по континуираните порази, по неговите фотосесии на Водно и по непочитувањето на мерките донесени за справување со Корона вирусот.
Мицкоски бегаше и се повлекуваше пред сите главни предизвици. За референдумот не се одлучи ниту да се приклучи на движењето бојкотирам, ниту пак повика да се гласа „против“ или „за“.
Со оглед на фактот дека за референдумот не зазеде никаков став, прв посериозен тест за Мицкоски беа Претседателските избори. После првиот круг, Мицкоски се фалеше дека картата на Македонија била обоена во црвено, но Пендаровски стана претседател на државата.
Паралелно со претседателските избори, Мицкоски ги загуби и локалните избори во Ново Село и во Охрид. Беше чудно тоа што партијата таму освои помалку гласови од Гордана Силјановска како кандидат за претседател. Никому не му беше јасно како успеа Мицкоски да ги загуби изборите во Ново Село каде што претходниот градоначалник на СДСМ беше уапсен при шверц на цигари. Се очекуваше „Боро Малборо“ да го повлече надолу СДСМ, но се покажа дека Мицкоски не може да поентира ниту во таква чиста ситуација.
Потоа следеше предизвикот наречен предвремени парламентарни избори. Мицкоски убеден во победата почна да ги бара уште кон крајот на минатата година, а потоа почна да бара нивно одложување. Откако конечно се помири со фактот дека нема повеќе бегање, излезе на изборно соочување. Успеа само тој самиот да избега од соочување со граѓаните, промовирајќи се во шпицен кандидат.
Исходот од изборите е познат. Зоран Заев доби уште еден четиригодишен, а Мицкоски прогласуваше победа и посакуваше успех.
После поразот на парламентарните, следеа избори во Штип. Мицкоски најпрвин најави дека во Штип се брани Македонија, а потоа одлучи да остави Интегра и Џими да ја бранат државата и честа на опозицијата. Оправдувањето беше корона кризата, а најдобар демант стигна токму од неговиот соработник Оливер Дерковски кој како прв човек на Државната изборна комисија изјави дека не постои никаков ризик за дополнително ширење на заразата од одржувањето на локални избори.
Дали капетанот Мицкоски ќе остане да брои порази и нема да дозволи некој да се обиде да го спаси бродот на ВМРО-ДПМНЕ од целосно потонување, ќе зависи највеќе од персоналот, односно долгогодишните членови на партијата кои стануваат се погласни за актуелните состојби внатре.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Забава

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ важи за една од најзгодните жени на сцената. Без разлика дали ќе се појави во опуштена комбинација или елегантно...