Гоца Тржан редовно со своите пораки на социјалните мрежи ги мотивира жените, а овој пат призна од што бега секогаш.

Пејачката призна дека некогаш е тажна, па се обидува да избега од тоа.
„Понекогаш толку многу сум тажна, што се плашам и потоа бегам. Ми делува како цел живот да бегам од тагата, најверојатно ја развив оваа насмеана и полна со самодоверба жена која ја гледате“, вели Гоца.

Гоца и претходно испраќаше пораки до жените да имаат самодоверба и да не се срамат од своето тело.

„Колку и да ослабам, ми останува долниот дел од стомакот, кој го вовлекувам кога позирам, па се местам, па се стегам… Што да правам, го имам, мој е, но научив да го сакам“, вели пејачката.