Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Во Црна Гора вчера започна чистењето на криминалот и корупцијата, екс функционер уапсен за градење во морската зона

Во Црна Гора вчера започна чистењето на криминалот и корупцијата од владеењето на ДПС на Мило Ѓукановиќ, што беше едно од предизборните ветувања на новата влада предводена од Здравко Кривокапиќ. Директорот на администрацијата за недвижнини Драган Ковачевиќ е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора за изградба на куќа во морската зона.

Покрај Ковачевиќ, вчера беше уапсен и началникот на регионалната единица Котор, Веселин Милетиќ. Паралелно со објавувањето на оваа вест, зборуваше и вицепремиерот на новата влада, Дритан Абазовиќ, кој рече дека борбата против корупцијата е започната.

– Правдата ќе тропне на вратата на сите што го прекршија законот. Ние ги поздравуваме активностите на Специјалното обвинителство. Сè е можно кога сакате – напиша Абазовиќ на социјалната мрежа Твитер.

Додека на оваа мрежа најмногу се слеваа пофалби за справување со корумпирани функционери, Небојша Медојевиќ, водач на Движењето за промени, рече дека сè освен апсењето на Мило  Ѓукановиќ и неговиот брат е „циркуска претстава“ за измамени гласачи.

Коментирајќи ги споменатите апсења, Медојевиќ на својот Фејсбук профил напиша дека борбата против корупцијата на новата влада ќе се фокусира на малите риби.

– Сè освен апсењето на Мило и Аца Ѓукановиќ е циркуска претстава и фрлање прашина во очите на измамените гласачи – изјави Медојевиќ.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Свет

Британски експерти тврдат дека новиот вид, откриен во таа земја, сега инфицира повеќе деца, а тие досега биле најзаштитени. Во САД дури 25 проценти...

Забава

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ важи за една од најзгодните жени на сцената. Без разлика дали ќе се појави во опуштена комбинација или елегантно...